Едвард Сноуден е осамен, пред банкрот и живее од донации?!
Поранешниот вработен во ЦИА, Едвард Сноуден кој го покрена многу прашања за безбедноста на комуникациите, наскоро ќе банкротира. Според британски „Дејли Меил“ тој е осамен, пред банкрот и живее од донации.
Сноуден не бил платен за откривање на тајните информации, сето тоа го правел поради алтруизам, без финансиска корист, претходно изјави адвокатот, Анатолиј Кучерина.
„Убеден сум во тоа на основа на неговата сегашна финансиска ситуација“, вели Кучерина, додека „Дејли Меил“ пишува дека Сноуден ја потрошил заштедата, главно на кирија, храна и за обезбедување.
Сега , посочува весникот, тој живее од донации од добротворни организации и од приватни спонзори.
Сепак поради своето огромно познавање на информатиката Американецот брзо најде работа во руска компанија и наскоро ја очекува првата плата. Тој во август по објавување на документи кои покажуваат масовно шпиунирање на американската агенција НСА, како бегалец доби едногодишен азил од Русија, меѓутоа статусот ќе го изгуби доколку ја напушти Русија.
Американските власти се разочарани од односот на Русија во случајот Снодуен. Тие сметаат дека на Сноуден треба да му се суди во Америка, па и понатаму ќе останат во контакт со надлежните во Русија.
Слично
