Едвард Сноуден доби понуда за работа од најголемата руска социјална мрежа
Едвард Сноуден, поранершниот соработник на американските тајни служби доби понуда за работа од најголемата руска социјална мрежа.
Портпаролот на „Виконтакте“ Георги Лобушкин преку мрежата соопшти дека поранешниот агент на ЦИА бил поканет да работи на безбедноста на комуникациите на рускиот интернет сајт.
Инаку, Сноуден доби привремен азил во Русија откако неколку месеци беше заглавен во транзит зоната на московскиот аеродром поради поништен пасош. Соединетите американски држави го обвинуваат хакерот за шпионажа и откривање на доверливи информации за американските надзорни програми.
Соединетите американски држави бараат екстрадиција на 29 годишниот Американец кој откри детали за американските тајни програми за следење на комуникациите.
