Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едвард Сноуден доби азил од Венецуела и Никарагва

Едвард Сноуден доби азил од Венецуела и Никарагва

Подготвеност да му даде азил на поранешниот соработник на американските тајни служби, Едвард Сноуден изрази и Венецуела.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро рече дека е расположен да му понуди „хуманитарен азил“на поранешниот соработник на ЦИА.

Мадуро рече дека понудата е во подготовка и дека Сноуден ќе може да избегне кривично гонење во САД.

Исто така и претседателот на Никарагва рече дека е подготвен да му даде азил на Сноуден „доколку околностите го дозволуваат тоа“.

Ортега додаде дека барањето за азил на Сноуден пристигнало во амбасадата на Никарагва во Москва и порача дека на поранешниот соработник на американските тајни служби би можел да му додели 30-годишен политички азил.

Сноуден најверојатно е се' уште во транзитното одделение на московскиот аеродром Шереметјево од каде досега побара азил во повеќе од 20 држави.

САД го бараат Сноуден со меѓународен налог за апсење, под обвинение за издавање на државни тајни, бидеќи ги обелодени програмите за надзор на тајните служби на САД.

Слично

Поврзани вести