ЕДВАЈ ОСТАНА ЖИВ: Прво обраќање на несреќниот Саудиец од болница после коленото во глава
Саудиска Арабија е без еден играч, но на несреќниот Јашер Ал Шарани не му е важна тешката повреда - туку му е важно што Аргентина беше поразена.
Накратко, вака може да се опише првото обраќање на Саудиецот од болничкиот кревет - по страшната повреда.
Мундијалот заврши за Ал Шарани, а можеби и неговата кариера. Рендгенската снимка на главата покажа скршена вилица и коски на лицето. Поради ова, несреќниот фудбалер утрово е префрлен во Германија на понатамошно лекување.
Ал Шарани накратко и се обрати на нацијата, сакајќи да им се заблагодари на сите за поддршката, но и да изрази колку му значи победата на неговата Саудиска Арабија над Аргентина - 2:1 во овие болнички услови.
Победата секако ги лекува раните, но повредата воопшто не е лесна.
Да потсетиме, за да ја шутира топката, голманот на Саудиска Арабија во целото трчање го удри во глава Ал Шарани и скокна со колено и буквално го нокаутираше.
رسالة من ياسر الشهراني الى الجمهور السعودي pic.twitter.com/YOENTXzPED
— المنتخب السعودي (@SaudiNT) November 22, 2022
