Едногласно нов мандат за шефот на Светска банка
Членовите на одборот на Светска банка едногласно се согласија Џим Јонг Ким да му доверат уште еден претседателски мандат, соопшти таа банка, пренесоа светските медиуми.
Номинациите за позицијата на претседателот на Светска Банка се завршени на 15 септември, а единствен кандидат за таа функција бил досегашниот претседател Ким.
Неговиот петгодишен мандат завршува на 30 јуни 2017 година.
По непишано правило, европските влади го бираат шефот на Меѓународниот монетарен фонд, додека Соединетите држави именуваат претседател на Светската банка.
Ким за претседател го избрал во 2012 година најголемиот акционер на Светска банка, САД, а на почетокот конкуренција му бил нигерискиот министер за финансии Нгози Окоњо Ивеал.
Џим Јонг Ким бил единствен кандидат во процесот кој го критикуваа вработените и активисти на Светската банка поради недостатокот на транспарентност и доминација на САД.
