ЕДНО „НЕРАЗБРАНО“ ПАЛТО ПОВТОРНО ГО СТАВИ АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО - погледнете што му се случи на Бајден
Се чини дека нема крај на гафовите на американскиот претседател Џо Бајден и некои комични ситуации во кои тој успева да се најде, иако за овој поиследниов, за воља на вистината, беше виновен ветерот на аеродромот, на неговото прво службено патување по закрепнувањето од ковидот.
Инаку, ова е нова снимка на која се гледа своевидна „борба“ на првиот човек на САД со неговото палто, во обидот да го облече при излегување од хеликоптерот, а потоа на белјата се надодаоа и очилата за сонце кои ги носеше.
Имено, американскиот претседател не успеа сам да се справи со оваа ситуација и да го облече палтото, но затоа на помош му дојде неговата сопруга Џил, првата дама на Америка.
Имено, откако имаше но неколку неуспешни обиди да го облече палтото, Џил му помогна, но само неколку моменти подоцна се случи уште една несреќа, му испаднаа очилата за сонце. Бајден брзо се наведна и ги подигна од пистата и продолжи понатаму.
Ова е прво службено патување на Бајден по неодамнешниот коронавирус. Претседателот на САД е во Кентаки.
Joe Biden can’t even put his own jacket on. This is just sad. And it keeps getting sadder. pic.twitter.com/RWxt1FTvJq
— Clay Travis (@ClayTravis) August 8, 2022
