Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едниот од напаѓачите во Тексас бил под истрага за тероризам

Едниот од напаѓачите во Тексас бил под истрага за тероризам

Едниот од напаѓачите на изложбениот центар во Тексас, во кој се спроведувал конкурс за карикатури на пророкот Мухамед, беше идентификуван како Елтон Симпсон, пренесоа агенциите, повикувајќи се на американската телевизија „Еј Би Си“.

Напаѓаќот бил од државата Аризона и бил сослушан пред нападот за тероризам.

Полицијата и Федерално биро за истраги (ФБИ) засега не коментираат на информациите од „Еј-Би-Си“.

Агентите на ФБИ и деминерите го пребарале центарот во Гарланд, предградие на Далас, во текот на ноќта.

Двајцата напаѓачи кои отвориле оган, беа застрелани од полицијата. Еден вработен бил повреден, но неговиот живот не е во опасност.

Слично

Поврзани вести