ЕДНИ СЕ БОГАТАТ ДРУГИ МИЗЕРУВААТ: Над 385 милиони деца во светот живеат во екстремна сиромаштија
Речиси половина од децата во земјите во развој живеат во состојба на екстремна сиромаштија, го загрозува животот.
Ова го покажува последното истражување на УНИЦЕФ и Светската банка, што беше објавено денеска.
Според собраните податоци од 89 земји вкупниот број на жителите на работ на егзистенцијата во светот се деца или 385 милиони.
Само во Субсахарска Африка близу 50% од децата и 1/3 од оние во Северна Азија живеат во семејство со дневна надница под 1,90 долари.
„Нештата од кои се лишени, на кои тие се изложени ја оштетуваат не само физичката состојба, но и нивните умови... Тоа не само што ограничува нивната иднина, но и ги предизвикува нивните општества да се заглавуваат се повеќе“, коментира за темата Извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк.
Во моментов една од главните цели на ОН е до 2030 година присуството на длабока и екстремна сиромаштија во светот да биде ликвидирано.
