Економија, финансии, бизнис

Контакт

Едни од соседите на Македонија навалија за азил во Франција

Едни од соседите на Македонија навалија за азил во Франција

Во Франција минатата година се регистрирани нешто повеќе од 100.000 молби за азил што е „историски“ резултат за кој допринеле зголемениот број кандидати од Албанија и од Западна Африка. Ова го соопшти директорот на француската служба за заштита на бегалци, Паскал Брис.

Бројот на молби минатата година е зголемен за 17%, на вкупно 100.412.

Во 2017 година азил најмногу побарале од Албанија – 7.630 барања од полнолетни лица. Одобрени се само 6,5% молби. На второ место е Авганистан со 5.987 молби. Следуваат Хаити со 4.934, Судан 4.486 и Гвинеја со 3.780.

Податоците потврдуваат дека Франција е меѓу државите каде најмногу се бара азил во Европа, „но по Германија каде оваа година има речиси 200.000 кандидати“.

Бројот на одобрени молби е намален од 38% во 2016 година на 36% лани.

Лани во Франција пристигнале многу повеќе молби за азил од Западна Африка посебно од Брегот на Слонова Коска, чиј број е скоро двојно повисок – 3.243, ДР Конго – 2.941 и Алжир 2.456.

Во 1981 година во Франција се поднесени 20.000 молби за азил.

Слично

Поврзани вести