Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една земја го зголемува бројот на балистички ракети

Една земја го зголемува бројот на балистички ракети

Иран тврди дека развил ракети со дострел од 700 километри. 

Земјата го зголеми дострелот на своите балистички ракети копно-море на 700 километри, откри висок функционер на иранската војска, во време на засилени тензии околу вооружувањето меѓу Техеран и Вашингтон, пренесуваат агенциите.

Иран тврди дека ракетната програма е исклучиво со одбранбена цел. 

Иран во 2008 година покажа ракета копно-море за која тврдеше дека има дострел од 290 километри.

Специјалниот американски претставник за Иран Брајан Хук во понеделникот кажа дека ракетната програма на Техеран создава тензии во Јемен, Ирак и Сирија.

Американскиот претседател, Доналд Трамп во мај ја повлече својата држава од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, тврдејќи дека не е доволно добар затоа што не вклучува ограничувања на иранската балистичка ракетна програма, и дека не ја ограничува поддршката на Техеран на паравоените сили во Сирија, Јемен, Либан и Ирак.

Слично

Поврзани вести