Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една земја е во црвена зона

Една земја е во црвена зона

Скоро цел Иран е во црвена зона поради ширењето на коронавирусот. 

Ќе биде потребно да се изградат полски болници ако луѓето продолжат да ги кршат епидемиолошките мерки.

Според Симе Садат, портпарол на министерството, 26 од иранските 31 провинција се црвени зони, а другите четири провинции се во портокаловата зона. 

За едно деноноќие евидентирани се рекордни 3.902 нови случаи на инфекција, а вкупниот број на идентификувани случаи скокна на 475 674.

235 лица починале во изминатите 24 часа. 

Официјалните лица предупредија дека многумина не ги почитуваат правилата за носење маски и дека некои семејства користеле самоизолација за да одат на патувања и со тоа да придонесат за ширење на инфекцијата.

Џамиите, библиотеките, училиштата и другите јавни институции во Техеран се затворени на една недела во саботата за да се запре натамошниот брз раст на случаите со ковид-19. 

Музеите, кафулињата, фризерите и спортските сали се затвораат во сите градови и провинции.

Иран  ги забрани летовите кон Ирак, а затворени се и копнените граници со оваа земја. 

Слично

Поврзани вести