Една земја, две економии во САД?
Водечките економисти од „NFIB“ во својата презентација која ја објавија деновиве, тврдат дека податоците од реалната економија и оние од американската берза се сосема различни.
Економистите на Националната федерација за независни бизниси, во презентацијата насловена „Една земја, две економии", објаснуваат дека на берзата се претставни големите корпорации кои евтино позајмуваат и профитираат од работењето на пазарите каде што плаќаат евтини даноци, пишува весникот „Бизнис и финансии“.
Од друга страна, пак, посочуваат економистите, во реалната економија, малите бизниси не можат да заработуваат на овој начин како нив, и иако се најголемиот работодавеци во Америка, сепак се ставени во многу лоша позиција. Оттука светлата слика на берзата, заклучуваат економистите, не ја покажува реалната состојба на американскиот бизнис.
Стапката на невработеност во САД од околу 8% останува висока за американските стандарди, а платите во малите фирми стагнираат, посочуваат економистите.
Слично
