Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една земја бара да се казнат одговорните за НАТО бомбардирањето на Југославија

Една земја бара да се казнат одговорните за НАТО бомбардирањето на Југославија

Русија усвои документ и бара казни за иницијаторите на бомбардирањето на Југославија.

Овој  документ е усвоен по повод претстојната 20-годишнина од почетокот на НАТО бомбардирањето на Југославија, во кој се наведува дека иницијаторите на тоа злосторство мора да одговараат.

Во документот што го усвои Горниот дом на рускиот парламент е наведено дека таа воена операција негативно се одразила на понатамошниот развој на заемните односи и довербата меѓу европските држави, а неказнувањето на одговорните довело до нови трагедии во Сирија, Ирак и Либија, пишува „Спутник“, пренесува „Танјуг“.

Русија ги повика парламентите од државите ширум светот, но и меѓународните организации како и Европскиот Парламент да ја осудат агресијата на НАТО против Југославија и да  преземат чекори за да ги санираат последиците.

Во документот стои дека лекциите не се научени и НАТО продолжи да користи воена сила во други суверени држави – Ирак, Либија и Сирија, а денес истото им се заканува и на Венецуела, Куба и Никарагва.

Руските сенатори потсетуваат дека НАТО во бомбардирањето на Југославија користел муниција полнета со осиромашен ураниум, што предизвикало многубројни цивилни жртви.

Слично

Поврзани вести