Една третина од жртвите во Сирија се цивили
Над 250 000 луѓе го загубија животот во војната во Сирија која трае веќе 4 години, соопшти сириската опозициска Организација за човекови права.
Во воените жаришта животот го загубиле 250.124 луѓе од кои 74.426 цивили меѓу кои 12.517 деца и 8.000 жени.
Во војната загинале 43.752 бунтовници како и 37.010 странски борци кои биле дел од џихадистички групи.
ај сирискиот режим има 91.678 жртви меѓу кои 52.077 војници и 970 членови на либански Хезболах кои се борат на страната на претседателот Башар Асад.
Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година, која избувна како народен бунт, а подоцна се вклучија и режимските сили, Курди и џихадисти.
Слично
