ЕДНА ОД ЖРТВИТЕ ВО МАСАКРОТ ВО РИМ Е ПРИЈАТЕЛКА НА ЏОРЏА МЕЛОНИ: Не е во ред да се умре вака
Меѓу трите жени кои загинаа во пукање во кафуле во Рим е и пријателка на италијанската премиерка Џорџа Мелони. Жртвите починаа на состанокот на Комитетот за домување во главниот град на Италија, кој заврши трагично откако присутен маж започна да пука во присутните, а меѓу нив има уште три повредени лица.
Роберто Гуалтиери, градоначалникот на Рим, го опиша пукањето како тешка епизода на насилство и најави свикување итен состанок.
Осомничениот, 57-годишен маж, моментално е во притвор. Според медиумите, тој во минатото имал сериозни конфликти со некои членови на одборот, а тие расправии може да стојат и зад актуелниот инцидент.
Лусијана Чиорба, потпретседател на комитетот, која била во кафуле во областа Фидене, изјавила за весникот „Ла Република“ дека напаѓачот влегол во барот и извикал „Ќе ве убијам сите“ пред да го употреби пиштолот. Пред да пристигне полицијата, тој наводно бил совладан од други присутни. Би-би-си јавува дека четвртиот повреден човек присутен на состанокот се уште се бори за живот.
Во меѓувреме познати се и имињата на жртвите. Самата премиерка Ѓорѓа Мелони изјави дека една од жртвите е нејзината пријателка Николета Голисана. Со неа се убиени и Елизабета Силенци и Сабина Сперандио.
Во објавата на Фејсбук, Мелони напиша: „Николета беше заштитничка мајка, искрена и дискретна пријателка, силна и кревка жена во исто време. Но, пред сè, таа беше професионалец со чувство за должност необично. Токму тоа чувство на должност ја одведе таму, во неделата наутро, каде што еден човек чекаше да пука и да ја убие, заедно со уште две жени, за време на состанок во стан во Рим."
„Николета ми беше пријателка. Таа го остава сопругот Џовани и прекрасното 10-годишно момче Лоренцо. Со неговото семејство, уништени се и други семејства, на кои им изразувам најдлабоко сочувство.
Човекот кој ги уби овие три невини жени и повреди уште три е уапсен и се надевам дека правдата наскоро ќе го исполни својот тек. Запленет е полигонот од кој го земал пиштолот (нему му било одбиено барањето за оружје).
Сепак, зборот „правда“ никогаш нема да биде прикачен на овој инцидент. Затоа што не е во ред да се умре така.
Николета беше среќна, и згодна, во црвениот фустан што го купи за нејзиниот педесетти роденден пред неколку недели. За мене таа секогаш ќе биде вака убава и среќна.
Полицијата официјално не ги коментира мотивите на осомничениот, инаку се наведува дека нападот нема политичка заднина.
