Економија, финансии, бизнис

Контакт

Една од жртвите во Лондон - мајка, тргнала кон своите деца

Една од жртвите во Лондон - мајка, тргнала кон своите деца

Една од трите жртви во Лондон е 43-годишна жена, учителка по шпански јазик Ајша Фрејд која има две ќерки, а по мостот Вестминстер тргнала, за да стигне до нив и да ги земе од училиште. 

Децата се на возраст од 8 и 11 години.

Токму таму околу 14:40 часот по локално време, терористот ја удрил со автомобил. Потоа излегол од својот автомобил и избодел со нож 48-годишен полицаец. Потоа напаѓачот  е застрелан.

Двајца луѓе загинаа на мостот - жената и 55-годишен маж. Тие се прегазени од терористот. Ајша работела во колеџ во центарот на Лондон. 

Во нападот во кој најверојатно дејствувал сам, загинатите се четворица, а повредените - 29 лица. 

Слично

Поврзани вести