Една од најголемите европски држави станува пустина
Стотици реки во Полска се сведени на потоци, а езерата се намалуваат.
,,Статистички Полска има 1.600 кубни метри вода по жител, што е за три пати помалку од европскиот просек. Нашите извори за вода се споредуваат со оние на Египет“, се наведува во извештајот на послата државна статистика. Извештајот е објавен под наслов ,, Полска – европска пустина”.
Според Евростат европскиот просек е 4.500 кубни метри вода по жител. Во Полска се судираат океанската и континенталната клима, така што испарувањата се големи, а со глобалното затоплување, се појавија долги сушни периоди.
Слично
