Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

Викиликс објави таен документ на израелското разузнавање. 

Нешто повеќе од една недела откако Џулијан Асанж беше ослободен од затвор во Велика Британија, завршувајќи ја 13-годишната правна битка, веб-страницата што тој ја основаше, Викиликс, објави тајни документи од израелското Министерство за информации.


Викиликс објави таен документ на израелското разузнавање од октомври 2023 година, во кој, како што тврдат, се споменува израелски план за намерно протерување цивили од Газа во Египет. Викиликс наведува дека израелските власти заклучиле дека „таква стратегија би донела долгорочни позитивни резултати“.

„Планот предвидува процес во три чекори кој вклучува воспоставување шаторски населби во Синај и отворање на хуманитарен коридор, проследено со изградба на градови во северен Синај од кои нема да има враќање“, напишаа тие со линк до целосниот документ.

Војната во Појасот Газа трае скоро девет месеци, откако терористите на палестинската терористичка група Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел и убија 1.139 луѓе, најголем дел цивили, а киднапираа уште 250 луѓе и ги однесоа во Газа. Израелските власти тврдат дека нема да запрат додека не го уништат Хамас.

Асанж е слободен човек откако се изјасни за виновен по една точка од Законот за шпионажа на САД. Во родната Австралија пристигнал со приватен авион, каде го чекале сопругата и татко му. Клучната причина поради која Америка го гони е видеото објавено од Викиликс на кое се гледа како американската војска од хеликоптер гаѓа цивили во Багдад. 

САД тврдат дека Асанж направил заговор со Челзи Менинг за да пристапи до доверливи информации на компјутерите на Министерството за одбрана.

Од своето лансирање во 2006 година, Викиликс стана познат по објавувањето на илјадници доверливи документи кои покриваат сè, од филмската индустрија до националната безбедност и војните.

Слично

Поврзани вести