Една милијарда долари чини новата централа на НАТО во Брисел
Една милијарда долари ќе чини новата централа на НАТО во Брисел. Грандиозната зграда од стакло и челик се гради во Брисел, спроти старото седиште, кое е изградено во 1967 година како привремен дом на НАТО.
Според критичарите, овие трошоци изгледаат екстравагантно во време, кога буџетските ограничувања принудуваат многу членови на Алијансата да ги намалат воените трошоци.
Според вработени во Алијансата таа зграда не е доволно голема, поради што постојано се наложува изградба на привремени згради, електричната инсталација е стара, подовите се уриваат, а диви мачки и зајаци се вселиле во нејзините темели.
Изградбата на новата зграда е речиси 80 проценти завршена. Таа се состои од осум крила во форма на полукругови поврзани со голем централен дел. Над четири илјади службеници на НАТО и дипломати од 28-те земји-членки и 22-те земји партнери на Алијансата ќе се преместат во новата зграда во 2016 година.
Земјите од НАТО ги поделија трошоците за новата зграда, која во себе содржи стакло, со кое може да се покријат десет фудбалски игралишта.
Слично
