Единствената држава во која жените заработуваат повеќе од мажите
Луксембург е сон на секоја еманципирана жена. Имено, тоа е веројатно единствената држава на светот во која жените во просек заработуваат повеќе од мажите
Вработените жени во текот на 2010 година заработиле 45.767 евра, додека просечната заработка на мажите истата година е за 3% помала, односно 44.224 евра. Статистиката е од една мала европска земја во која секоја жена сака да работи.
Жените во Луксембург најчесто работат во образование, банкарство или осигурителни компании. Оваа држава е прилично богата и има повеќе од 500.000 жители, благодарение на вредните работници има богат финансиски и банкарски сектор.
Статистиката е извадок од најновото истражување на агенцијата Статец.
Слично
