Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)

Еди Рама на колена и честиташе роденден на Џорџа Мелони, еве каков поклон и подготви (ВИДЕО)

Албанскиот премиер Еди Рама во средата и подари шал на неговата италијанска колешка Џорџа Мелони и и пееше роденденска песна во чест на нејзиниот 48-ми роденден.

Рама, кој е многу повисок од Мелони, клекна на едно колено за да го предаде подарокот и пееше „танти аугури“ (среќен роденден). 

Сето ова се случуваше за време на Светскиот самит за идна енергија во Абу Даби каде присуствуваа и двајцата шефови.



Лесниот шал е дело на италијански дизајнер кој се преселил во Албанија, и објасни Рама на Мелони.


Двајцата лидери имаат добри работни односи и покрај спротивставените политички убедувања - Мелони ги предводи десничарските Браќа од Италија, додека Рама ја предводи Албанската социјалистичка партија.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести