Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден загинат при обид на голема група имигранти да преминат под Ла Манш

Еден загинат при обид на голема група имигранти да преминат под Ла Манш

Најмалку едно лице загинало при обид на 1500 емигранти да влезат во Британија и преминат преку тунелот под Ламанш.

„Нашиот тим најде тело утрово и пожарникарите ја потврдија смртта на овој човек“, соопшти портпаролот на „Евротунел“. Загинатиот е маж од саудиско потекло на возраст меѓу 25 и 30 години.

Според безбедносните сили во близина на тунелот во моментов сеуште има помеѓу 500 и 1.000 емигранти. Бегалците се обиделе да преминат под Ла Манш во терминалот на компанијата „Евротунел“ во Кале.

„Ова е многу загрижувачко“, ја коментирал ситуацијата британскиот премиер Дејвид Камерон за време на посетата на Сингапур. Тој додаде дека работи во тесна соработка со Париз за решавање на ситуацијата.

Слично

Поврзани вести