Еден уапсен во нова антитерористичка акција во Брисел
Еден човек беше уапсен во нова антитерористичка операција во гратчето Ними во југозападна Белгија, пренесоа светските агенции. Непознат маж со автомобил се обидел да помине низ поставените полициски контроли на патот. Обезбедувањето успеало да го задржи, тој е повреден, соопшти радио „РТЛ“.
Десетици полицајци учествувале во специјализираната операција во белгиската општина.
Во исто време управата на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ соопшти дека од почетокот на годината се отпуштени 57 вработени со радикални ставови.
Петмина биле отпуштени по терористичките напади во Париз, соопшти претставникот на Службата за безбедност на париските аеродроми „Шарл де Гол“ и „Бурџ“.
Во исто време француските власти започнаа истрага, откако беа откриени графити на арапски јазик на 4 авиони на компанијата „easyJet“ минатата недела, објави весникот „Дејли мејл“. Натписите биле откриени од внатрешната страна на одделот со резервоарите, како и на вратата на тоалетот.
Се проверуваат луѓето кои имале пристап до ограничувања околу авионите на аеродромите.
Обезбедувањето проценило дека животот на патниците не бил загрозен во конкретните случаи. Од безбедносни причини истрагата не открива кои биле 4-те градови во Франција, каде се откриени графитите.
