Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕДЕН СИМПТОМ ГЛАВНО ГО РАЗЛИКУВА ОМИКРОН ОД ДРУГИТЕ ВАРИЈАНТИ: Губењето мирис и вкус не е толку вообичаено за новиот сој

ЕДЕН СИМПТОМ ГЛАВНО ГО РАЗЛИКУВА ОМИКРОН ОД ДРУГИТЕ ВАРИЈАНТИ: Губењето мирис и вкус не е толку вообичаено за новиот сој

Со доаѓањето на новиот вид, омикрон, главното прашање е колку е позаразен во споредба со другите соеви. Досега омикрон е откриен во 63 земји во светот, а Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ќе го надмине видот делта во заразата.

И додека новиот вид, полн со мутации, е многу заразен, симптомите засега се благи. Еден од главните знаци на инфекција со омикрон е болката во телото. Според д-р Унбен Пилај од Јужна Африка, ноќното потење придружено со силна болка во телото може да укажува на инфекција со омикрон.

-Болката во телото е знак на инфекција. Тоа е знак на воспаление предизвикано од вашиот имунолошки систем бидејќи се бори со странски патоген. Иако инфекцијата со претходните видови може да предизвика болка во телото, таа беше поретка отколку, на пример, треска и кашлица, вели д-р Пилај.

Еден од најпознатите симптоми на ковид-19 е губење на сетилото за мирис и вкус, но според д-р Анжелик Куце, докторот кој прв го откри сојот омикрон, губење на чувството за мирис и вкус во новиот вид е не толку вообичаено.

Блага треска, силна болка во телото, замор, гребење во грлото наместо болки во грлото, како и ноќно потење се некои од вообичаените симптоми на омикрон, пишува Тајмс оф Индија.

Покрај тоа, Ковид-19 генерално го напаѓа респираторниот систем и овие тешки инфекции може да предизвикаат постојана сува кашлица, отежнато дишење, болка во градите и ниски нивоа на кислород во крвта, што не треба да се игнорираат.


Слично

Поврзани вести