Еден процент инфлација во ЕУ
Стапката на инфлација во Европската унија на годишно ниво во декември 2013-та останала стабилна на ниво од еден процент, покажуваат податоците на Евростат. Ова е релативно ниско ниво на инфлацијата во споредба со истиот месец во 2012-та, кога била измерена годишна стапка на инфлација од 2,3%.
Највисока инфлација овој декември имало во Естонија, Австрија и Велика Британија - по два отсто и во Финска - 1,9 проценти.
На месечна основа во декември инфлацијата во ЕУ и во еврозоната била 0,3 отсто.
Најголемо влијание на инфлацијата во ЕУ имале поскапувањто на електричната енергија (0,11 отсто), цигарите (0,8) и ускугите во кафулињата и рестораните (0,5 проценти), додека намалување на цените имало кај телекомуникациите (за 0,14 отсто), горивата за транспорт (0,13) и медицинските услуги (0,07 проценти).
Слично
