Еден од преживеаните фудбалери на Чапекоенсе трет пат ја одбегнува смртта
Бразилскиот фудбалер Алан Рушел кој ја преживеа трагична авионска несреќа во Колумбија открива дека ова му е трет пат да избегне сигурна смрт. Рушел на својот доткор Сонајли му открил дека пресудно за да го преживее падот на авионот во кој бил со неговите соиграчи од клубот Чапекоенсе е тоа што во последен момент се преместил на друго место.

Десниот бек на Чапекоенсе и е познат на бразилската јавноста од претходно кога успеал пред неколку години да излезе неповреден од тешка сообраќајна несреќа, а минатата недела по некоја случајност го променил своето место во авионот на неколку минути пред кобниот пад, потег кој се покажал како круцијален да си го спаси животот.
Ова го нарекол Рушел второ господово чудо и второ спасување на неговиот живот, а како трето ја навел среќата што спасувачите први го нашле него под урнатините на авионот.
