Еден од напаѓачите во Калифорнија се вика … Таип Ердоган
Еден од можните учесници во престрелката во предградието на Лос Анџелес, Калифорнија, е маж со име Таип Бин Ердоган, пренесе агенцијата „RT“, повикувајќи се на американските медиуми. Весниците „Лос Анџелес тајмс“ и „Дејтон дејли њус“ соопштуваат дека еден од соучесниците на вооружените напаѓачи во Центарот за социјална помош на лицата со хендикеп „Inland“, е 28-годишниот Таип Бин Ердоган, државјанин на Катар. Веројатно токму тој е уапсениот соучесник на двајцата напаѓачи.
Едниот од напаѓачите во центарот - Саид Фарук бил застрелан од полицијата, а 27-годишната Ташвин Мелик била уапсена од специјалците кои пристигнале на местото на нападот. Двајцата веројатно имале романтична врска, но до моментов деталите не се јасни.
Според сведоци Саид бил на прославата во центарот, настанал некој скандал, тој си заминал, а подоцна се вратил и почнал да пука со својата пушка.
Потсетуваме дека напаѓачите биле со маскирна облека, пушки „R-15“ и панцири, а драматичниот инцидент се случил во предградието на Лос Анџелес, Сан Бернандино. Како резултат на нападот се убиени 14 лица, додека 14 се повредени. Уште не се јасни мотивите за нападот. Не се исклучува верзијата терористички акт.
