Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден од најпознатите готвачи на светот се самоуби

Еден од најпознатите готвачи на светот се самоуби

Eден од најпознатите готвачи во светот и автор на култниот кулинарски серијал „Без резервации“ Ентони Бордејн е пронајден мртов во неговата хотелска соба во Стразбур, Франција.

Неговата матична куќа Си-Ен-Ен потврди дека се работи за самоубиство.

Бордејн беше неуморен истражувач, голем хедонист, а позната е неговата поговорка дека нашите тела не се храмови, туку забавен парк, но и остроумен човек, еден вид на пролетер на кујната.

Својата кариера ја почнува во 70-тите, шетајќи по светските кујни, живеејќи тежок и скромен живот. 

Слично

Поврзани вести