Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден од најопасните сериски убијци ќе остане во стаклена ќелија до смрт

Еден од најопасните сериски убијци ќе остане во стаклена ќелија до смрт

Британски сериски убиец ќе остане во стаклена ќелија до смрт. 

Еден од најопасните сериски убијци Роберт Модсли ќе умре во подземна ќелија откако е одбиена неговата последна молба да живее заедно со другите затвореници.

Одлуката е донесена затоа што се смета дека е премногу опасен за другите затвореници и чувари.

Модсли треба да го помине остатокот од своите денови во ќелија со димензии 5,5 x 4,5 метри, направена специјално за него во 1983 година - заштитена со стакло отпорно на куршуми.

Модсли го извршил своето прво убиство кога имал 21 година. Тој го убил Џон Фарел. Имено, Фарел бил силувач и на Модсли му покажувал слики од деца кои сексуално ги злоставувал.

Тој ѝ се предал на полицијата и е прогласен за неспособен за судење, па е испратен во болницата Бродмур.

Модсли генерално се чувал од неволји првите неколку години зад решетки, пред тој и неговиот колега затвореникот Дејвид Чизман да се затворат во ќелија со злоставувач на деца Дејвид Френсис, кој го мачеле до смрт пред неговото тело да го обесат така да можат да го видат затворските чувари. Модсли бил осуден за убиство од небрежност.

Во 1978 година, Модсли го задавил и избодел Сални Дарвуд, кој бил во затвор поради убиство на својата сопруга. Тој го скрил телото на Дарвуд под кревет пред да влезе во ќелијата на педофилот Бил Робертс, кој сексуално злоставувал седумгодишно девојче. Тој го избодел Робертс, му го исекол черепот и му ја скршил главата од ѕид.

Фото: скриншот

Слично

Поврзани вести