Еден од најголемите светски поддржувачи на Преспанскиот договор си дава оставка
Првиот човек на армијата на САД, Џејмс Матис, преку писмо ја извести американската јавност дека кон крајот на февруари си поднесува оставка.
Државниот секретар за одбрана наведува дека неговите погледи за светскиот поредок не се во согласност со претседателот на САД, Доналд Трамп, иако поранешниот генерал не го споменува директно неговото име.
Според функционерот кој е познат и по прекарот „Бесно куче“ не може да се градат добри односи со Русија и Кина на сметка на западно-демократските вредности.
Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка пред консултативниот референдум и порача дека Преспанскиот договор е од неопходна важност за земјата да биде примена како рамноправна во НАТО.
Слично
