Еден од автомобилите на бомбашите во Париз бил со белгиска регистрација
Еден од автомобилите на бомбашите во Париз синоќа бил со белгиска регистрација. Тоа го соопштуваат медиумите во Белгија, повикувајќи се на изјави од сведок за францускиот весник „Монд“.
Жената која го опишува автомобилот, прецизирала дека на предното седиште до возачот се движело младо момче, на видлива возраст 18-20 години. Сведокот видел два црни автомобили што застанале накратко во реонот на нападите.
Белгиските власти засега не се одлучиле за зголемување на степенот на подготвеност против терористички активности. Владата одлучи на вонредната седница утрово да биде зголемена будноста на полицијата, како и да се вршат постојани проверки во областите на јавните настани.
Наводно, сите видови на транспорт помеѓу Белгија и Франција денес се движат нормално. Нема откажани летови и возови од и до Париз.
Владата ги повикува Белгијците, кои немаат итна работа во Париз, да не патуваат до француската престолнина, а оние кои се таму, да бидат особено внимателни. Границата помеѓу Белгија и Франција останува отворена, но од синоќа се вршат построги проверки.
