Економија, финансии, бизнис

Контакт

Eден министер повика да се „внимава на Шпанија“

Eден министер повика да се „внимава на Шпанија“

Меѓународната заедница треба „внимателно да ги следи потезите на Шпанија“, вели белгискиот заменик-премиер и министер за внатрешни работи, Јан Јамбон. 

Според него, потребно е големо внимание со цел да се обезбеди правично судење на разрешениот претседател на каталонската влада , Карлес Пучдемон во Мадрид.

„Сега само го поставувам прашањето како една држава-членка на Европската Унија може да отиде толку далеку - и се прашувам, каде е Европа да го изнесе својот став за тоа“- изјави Јамбон за белгиската телевизија ВТМ.

Белгискиот министер вели дека „постои шпанскиот закон, но и меѓународното право, Европската спогодба за човекови права и такви работи, кои доаѓаат пред законот на земјата-членка на ЕУ“, пренесе АП.

Пучдемон, заедно со четири од неговите поранешни министри, утрово ѝ се предаде на белгиската полиција, по што се ставени во притвор и треба да бидат сослушани од белгиски судија. Не се знае тие дали ќе бидат екстрадирани во Шпанија, која издаде европска потерница по нив.

Слично

Поврзани вести