Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден милион Бразилци протестираа против Дилма Русеф

Еден милион Бразилци протестираа против Дилма Русеф

Еден милион Бразилци излегоа на протест против претседателот Дилма Русеф. Насобраната маса побара оставка на претседателот поради корупциски скандали и економската криза.

Поворките во целата земја личеше повеќе на карневал, но наместо радосни извици, толпата извикувала „Дилма надвор“ и „Не на корупцијата“.

Според податоците на полицијата во протестот учествувале речиси еден милион луѓе, а опозицијата тврди дека демонстрантите биле околу 2 милиони.

„Бразилската политика поминува низ многу тешка фаза. Владата ја имаше изгубено довербата на народот, корупцијата ја уништува нашата земја и мислам дека претседателот Русеф е дел од тоа“, изјавил бизнисменот Александре Крит.

„Протестирам против високата невработеност. Многу од пријателите и роднините ми се невработени. Ситуацијата станува потешка“, објаснил и еден од демонстрантите во Сао Паоло.

Дилма Русеф е само на почетокот на неговиот втор мандат, но рејтингот му се намали на само 8 проценти.

Слично

Поврзани вести