(ВИДЕО) Еден метар снег има во делови од Шпанија
Дебела снежна покривка има во Шпанија. Во земјата беснее бурата „Џулиета“. Има обилни снежни врнежи на медитеранскиот архипелаг Балеарски острови, со силен ветер и температури до минус 16 степени.
Најпогодени од невремето беа Балеарските острови, познати по својата блага и пријатна клима што ги прави популарни меѓу европските туристи, особено најголемиот остров Мајорка.
„На некои места над 800 метри надморска височина на северот на Мајорка, снежната покривка за 24 часа надмина еден метар“, соопшти метеоролошката служба, која врнежите од снег ги оцени како „вонредни“.
foto EPA-EFE/Brais Lorenzo
Слично
