Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еден маж заклан и шестмина повредени во Хамбург, напаѓачот е од ОАЕ

Еден маж заклан и шестмина повредени во Хамбург, напаѓачот е од ОАЕ

Напад со нож во Хамбург заврши со смрт на 50 годишен маж, додека пак уште шестмина се стекнаа со повреди. Инцидентот го предизвикал 26 годишен напаѓач кој со нож почнал да ги боде посетителите на еден супермаркет.

Полицијата вели дека се уште го потврдува идентитетот на напаѓачот за кој се смета дека по потекло е од Обединетите Арапски Емирати, како и неговите мотиви. 

Тој со нож ги нападнал клиентите во супермаркет по случаен избор. Избегал од продавницата и бил соборен од купувачи и луѓе надвор од продавницата. Граѓаните успеале да го соборат на земја пред да биде уапсен од полицајци.

Една 50-годишна жена и четворица мажи на возраст меѓу 19 и 64 години се прободени, а 35-годишен маж е повреден, додека помагал да биде соборен напаѓачот.

„Ние сме во рана фаза од истрагата. Во моментов не можеме да исклучиме ништо.  Ги истражуваме сите релации”, посочуваат од полицијата на прашањата дали станува збор за терористички напад.

Очевидец кој избегал од нападот во блиска продавница, коментира пред германската телевизија NTV дека напаѓачот изгледал “брз  и збунет, а не како некој, кој планирал напад”.


Слично

Поврзани вести