Eден град ќе биде престолнина на две држави
Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини денеска изјави дека Европската унија останува обединета во ставовите за ситуацијата во Газа и по израелско-палестинското прашање.
Тензиите во Газа се случуваат во контекст на недостаток на мировен процес и во контекст на преселбата на Амбасада на САД во Ерусалим, рече таа.
„Го потврдивме целосното единство на ЕУ во поддршката на решението за две држави, вклучително и за Ерусалим, тоа мора да биде дел од преговорите. Ерусалим е идната престолнина на двете држави“- изјави Могерини.
Таа вели дека ЕУ итно бара начин да гарантира хуманитарен пристап до Газа и прави се што може да донесе хуманитарна помош во Појасот Газа.
Инаку, израелски тенк вчера уби двајца Палестинци во Појасот Газа.
Двајца мажи – 25-годишниот Хусеин ал Амур и 28-годишниот Абдел Халим ан Нака се убиени во источниот дел на градот Рафах.
