Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ вo година ќе пушти во оптек нова банкнота од 10 евра

ЕЦБ вo година ќе пушти во оптек нова банкнота од 10 евра
Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека од следното лето во промет ќе пушти нова банкнота од 10 евра, која ќе го носити ликот на феничката принцеза Европа од грчката митологија. Портретот на божицата Европа ќе се појави на водениот жиг и холограмот, а точниот датум на пуштање во промет на банкнотата ќе се објави по нејзниното претставување – на 13 јануари 2014 година, се наведува во соопштението на ЕЦБ. Ставањето во оптек на новата банкнота од 10 евра доаѓа по годинешната промоција на новата банкнота од пет евра, додека втората серија банкноти од 20, 50, 100, 200 и 500 евра ќе биде претставена во следните години.
Слично

Поврзани вести