ЕЦБ ја суспендира отплатата на заемите
Европската централна банка ја суспендираше раната отплата на кредитите кои банките од еврозоната ги земаа на врвот од должничката криза. Овој потег, како што се наведува во соопштението на ЕЦБ, е наменет за зачувување на ликвидноста на пазарот во текот на преминот во наредната година.
„Управниот совет на ЕЦБ, одлучи на крајот од оваа година да ја суспендира отплатата на кредитите доделени во рамки на програмата Долгорочна операција на рефинансирање, со оглед на очекуваните ниски каматни стапки и концентрацијата на други операции поради јавните празници“ - се наведува во соопштението на ЕЦБ.
Суспензијата на отплатата на кредитите ќе биде само привремена и ќе трае од 23 декември до 15 јануари, додаваат од ЕЦБ.
Слично
