Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 0,5%, се бара спас од рецесијата

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка на 0,5%, се бара спас од рецесијата
На о,5% падна основната каматна стапка во еврозоната што е рекордно ниско ниво. Европската централна банка ја намали даночната стапка  за 0,25 процентни поени за да го поттикне излегувањето на економиите од еврозоната од рецесија. Голем број од економистите веќе очекуваа дека ќе има пад на каматната стапка бидејќи рецесијата во еврозоната се продолжува, а невработеноста расте. Сепак, ова е прво намалување на каматите од јули 2012 година. Се поттикува излегувањето на еврозоната од рецесија Иако намалување на каматната стапка од страна на ЕЦБ треба да предизвика силен раст на берзите, како и пад на курсот на еврото, спортивно на очекувањата ова не случи по објавувањето на соопштението за рекордниот пад на основната каматна стапка во еврозоната. Европските берзи забележаа скромен раст, а изостана поголема реакција од инвеститорите. Како причина за ова се наведува тоа што ваквиот потег на ЕЦБ веќе беше пресметан во цените на берзите.
Слично

Поврзани вести