Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка до 0,25%

ЕЦБ ја намали основната каматна стапка до 0,25%
Европската централна банка (ЕЦБ ) ги изненади пазарите и ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени, на ново рекордно ниско ниво од 0,25% . Одлуката доведе до нагло поевтинување на еврото . Тоа падна во однос на доларот од ниво 1.3500 до околу 1.3350 пред да поврати дел од изгубеното . По денешната одлука на ЕЦБ и останува само четвртина процентен поен намалување на каматата пред да стигне нула , што ја засилува веројатноста од нетрадиционални алатки како квантитативно олеснување или негативни камати на депозитите ако инфлацијата се забави уште повеќе. Малку подоцна денеска се очекува традиционалната изјава на претседателот на ЕЦБ Марио Драги . Денеска Централната банка на Велика Британија , исто така, ја остави основната каматна стапка без промена на рекордно ниско ниво од 0,5 % . Банката , исто така, не поднесе промени и во програмата за откуп на средства , која останува во износ од 375 милијарди фунти. И двете решенија на банката беа очекувани .
Слично

Поврзани вести