ЕЦБ и АЦБ го задржаа нивото на каматите
Европската централна банка го задржа нивото на каматите без промена кај 0,25% на годишна основа , што одговори на просечните очекувања на пазарот. Ова се случи откако централната банка изненадувачки ги намали за 25 базични поени, во изминатиот месец .Сега на пазарот се очекува изјавата на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги .
Целосно очекувано без измена беше оставена каматата и од страна на англиската централна банка .
" Ако работите се влошат , централната банка има желба и можност да се интервенира " , изјави Ричард Барут, главен стратег во Royal Bank of Scotland Group Plc , пренесе Bloomberg .
" Драги ќе испрати порака до пазарот , дека нема потреба од паника " , смета уште тој.
Една од можните опции пред ЕЦБ се негативни камати на депозитите . Друга вклучува долгорочно купување на должнички хартии од вредност за подобрување на ликвидноста на кредитните пазари , коментираат запознаени . Во меѓувреме англиската централна банка ја задржа без промена програмата за откуп на средства во вредност од 375 милијарди фунти.
Откако ЕЦБ го намали нивото на каматите во еврозоната во изминатиот месец се забележува извесно влошување на макропоказателите во земјите од еврозоната. Француската економија изненадувачки се собира, а италијанската се врати кон најдолгата рецесија . Еврото не регистрира значителна промена во однос на доларот и останатите валути , и се тргува на ниво од 1.3550 према оние од 1.3580 пред тоа .
Слично
