Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБРД го намали учеството во ТТК Банка

ЕБРД го намали учеството во ТТК Банка

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) продаде дел од своите акции во ТТК Банка. Во блок-трансакција на Македонската берза денеска се продадоа 3,4% од основната главнина во оваа банка.

Станува збор за 31.339 акции по цена од 698 денари за акција, во вкупна вредност од 21,9 милиони денари (околу 356 илјади евра). Продавач на акциите е ЕБРД, која најави уште лани дека ќе се повлекува од акционерската структура на банката.

Со оваа трансакција ЕБРД, која е акционер со квалификувано учество во ТТК Банка , го намали своето учество од 22,35 отсто на 18,90 отсто од акционерскиот капитал, соопштија од ТТК Банка.

ТТК има издадено вкупно 907.888 акции. Најголем акционер во Банката е текстилниот комбинат „Тетекс“ со 42,56 отсто, додека ЕБРД досега беше втор акционер по големина.

Слично

Поврзани вести