Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еболата стигна во Њујорк: Болеста ја донесе лекар при враќање од Западна Африка

Еболата стигна во Њујорк: Болеста ја донесе лекар при враќање од Западна Африка

Еден њујоршки лекар, кој неодамна се врати од западна Африка, инфициран е со вирус на ебола, изјавил вчера градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио.

Лекарот (33), кој во Гвинеја лечел пациенти, е прв случај на инфекција во најголемиот град во САД и четврт случај во таа земја.

„Нема потреба да се грижат граѓаните на Њујорк“, им рекол Де Блазио на новинарите и додал дека градот од 8,4 милиони житечи се подготвил во случај да дојде до нови инфекции.

Лекарот Крег Спенсер се наоѓа во карантин во една болница во њујоршкиот квартал Менхетен. Речиси 5000 луѓе починале од ебола во земјите на западна Африка.

Слично

Поврзани вести