Еболата продолжува да се шири во Либерија
Еболата нагло се шири во Либерија и во наредните три недели се очекува повеќе илјади новозаболени лица, сооштуваат денеска од Светската здравствена организација.
Во соопштението се истакнува дека конвенционалните методи на контрола на заболување „немале адекватно влијание“.
Од почетокот на година, починале најмалку 2100 лица заразени со ебола во Гвинеја, Либерија, Сиера Леон и Нигерија. СЗО наведува дека 79 здравствени работници починале токму од овој вирус.
Еболата е хеморагичната треска со стапка на смртност до 90 одсто. Се пренесува со директен контакт преку крв и телесна течност од заразениот. Засега не постои одреден третман, како ни вакцина.
Во Либерија се пријавени најмногу мртви од ебола и заболени.
Слично
