Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еболата не запира – вирусот однесе 2.630 животи

Еболата не запира – вирусот однесе 2.630 животи
Најмалку 2.630 луѓе починаа досега во најголемата епидемија на вирусот ебола во историјата, а заболени се повеќе од 5.357 луѓе во Западна Африка, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Во најновиот извештај се наведува дека епидемијата, која се прошири во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, па ги зафати и Нигерија и Сенегал, не покажува никакви знаци на смирување. Во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне се забележани најголемиот број случаи на заразени со ебола и смртни случаи, во Нигерија починале осум луѓе од 21 заразен, додека еден случај е потврден во Сенегал. СЗО предупредува дека заради постојано зголемување на бројот на заболени, во главниот град на Либерија, Монровија, потребни се уште 1.210 кревети, пет пати повеќе отколку што има во моментов. Здравствената организација предупредува и дека има многу непријавени случаи и само во Либерија досега се откриени преку 100 такви.
Слично

Поврзани вести