Еболата наскоро би можела да мутира!
Смртоносниот вирус ебола наскоро би можел да мутира и да стане уште повеќе заразен, предупредуваат лекарите.
Американскиот експерт Питер Јарлинг од Националниот институт за алергии и заразни болести верува дека последната епидемија на ебола предизвикала зараза која се пренесува полесно отколку порано. Неговиот тим, кој работи во жариштетот на епидемијата во либерискиот главен град Монровија, забележал и дека количествата на вирусот кои се наоѓаат во заразените се многу поголеми отколку што вообичаено се наоѓале во пациентите порано.
„Сега користиме тестови кои не постоеја претходно и се чини дека вирусното оптоварување е повисоко кај сегашните пациенти отколку што сме виделе претходно. Ако е тоа вистина, тогаш тоа може да е нов тип“, вли Јарлинг.
Од вирусот на ебола досега починале околу 4.500 лица, од кои најголем број во западна Африка.
Слично
