Еболата – најтешка здравствена криза на денешницата!
Светската здравствена организација соопшти дека епидемијата на ебола е „најтешка, најакутна здравствена криза на модерното време“. Сепак, економската штета од оваа криза може да се намали ако луѓето добро се информираат и ако не се преземаат ирационални мерки за кризата да се избегна.
Генералната директорка на СЗО Маргарет Чан, цитирајќи податоци на Светската банка, наведе дека 90% од економските трошоци за секоја епидемија произлегуваат од „нерационални и неорганизирани напори на јавноста за да се избегне заразата“.
Според неа, едукацијата на јавноста за секоја епидемија, па и за вирусот на ебола, претставува „добра одбранбена стратегија“. Во епидемијата на ебола во западна Африка досега починаа повеќе од 4.000 луѓе.
Слично
