Економија, финансии, бизнис

Контакт

Еболата ќе ја злоупотребат џихадистите?

Еболата ќе ја злоупотребат џихадистите?
Терористите на Исламската држава би можеле вирусот на ебола да го искористат како самоубиствено био-оружје за напад врз западните земји, сметаат дел од експертите. Имено, според воени извори, на исламистите не би им било тешко да се заразат со ебола и да отпатуваат во земји во кои сакаат да предизвикаат хаос. Ал Шимкус, пензиониран професор за национална безбедност, предупредува дека ваквата стратегија на џихадистите е сосема веројатна и можна. „Лицето заразено со ебола е носител на вирусот. Во контекст на своите терористички активности, не е потребно многу за да се премине на следниот чекор - а тоа е терористите да станат носители на вирусот“, вели тој за Форбс. И професорот Ентони Глис, директор на Универзитетскиот центар за безбедност на Бакингам, смета дека ваквата стратегија на терористите треба да се земе предвид. „Борците на Исламската држава веруваат во самоубиството и тоа би била потенцијална самоубиствена мисија. Тие се добро информирани убијци и знаат дека ние во Велика Британија сме малку невнимателни“, нагласува тој. Еболата во западна Африка досега уби 3.800 лица, а дел од експертите се согласуваат дека терористите на Исламската држава би можеле да ја влошат ситуацијата. Но, некои аналитичари веруваат дека ваквата теорија за употреба на еболата како био-оружје сепак е претерана. Имено, токму заради ширење на епидемијата, сите се „на нозе“ и би било многу тешко да се извезе овој вирус, кој продолжува да се шири дури откако ќе започне да манифестира симптоми. Освен тоа, би постоела опасност исламистите да ја прошират еболата и во свои редови и работите да им излезат од контрола, аргументираат овие експерти. „За самоубиствен напад, експлозив околу појасот е многу поефикасен. Вака би морале да отидат во земја од западна Африка, да чекаат да видат дали се заразени и потоа да отпатуваат на Запад“, оценува Џенифер Коул, од институтот Ројал Јунајтед Сервисес. Исламистите сега се фокусирани на заземање територии во Ирак и Сирија, па нападот на западните земји уште им е во втор план, сметаат противниците на теоријата за можна ебола-закана од Исламската држава.  
Слично

Поврзани вести