ЕБОЛА: Започнуваат контроли на патниците на аеродромот во Њујорк
На меѓународниот аеродром „Џ.Ф.Кенеди“ во Њујорк започнуваат поединечни прегледи на патниците со цел да сде спречи ширењето на епидемијата на опасниот вирус ебола, од кој досега починаа над 4.000 лица.
На патниците од ризичните земји Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја ќе им се мери температурата и ќе одговараат на повеќе прашања. Проверките на останатите аеродроми во САД ќе започнат во следните неколку дена.
Новата регулатива беше воведена откако еден пациент почина од ебола во САД по доаѓањето од Либерија. Дијагнозата му била утврдена дури откако поминал неколку дена во Далас.
Слични мерки за проверка на патниците најави и Велика Британија, но нивната имплементација се уште не е започната.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, бројот на починати од ебола во светот се искачи на над 4.000, од кои најголемиот дел од жртвите се во западноафриканските држави.
Анализите од Хамбург ќе покажат – има ли ебола во Македонија?
Слично
