Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕБОЛА ПАНИКА: Нападната болница, сите заразени се разбегале низ градот

ЕБОЛА ПАНИКА: Нападната болница, сите заразени се разбегале низ градот
Група вооружени луѓе упаднале денеска во изолираниот дел на болницата во либерискиот главен град Монровија, во кој се сместени пациенти заразени со ебола. Според очевидци, за време на нападот 29 пациенти побегнале од болницата. „Ја скршија вратата и ги демолираа просториите. Сите пациенти побегнаа“, изјави портпаролката Ребека Весех. Од центарот била украдена и крвава постелнина и душеци, кои можат да претставуваат дополнителна опасност за ширење на заразата. Нападот на болницата бил извршен од луѓе кои протестирале затоа што заразените со ебола биле преместени токму во таа болница од другите делови на градот. Вирусот на ебола се пренесува преку крв и други телесни течности, така што зарзата може да се контролира само во строго изолирани простории.Но, надвор од тие простории се јавува потенцијал за побрзо ширење на вирусот, кој предизивкува акутна хеморагиска треска и во најголем број случаи - смрт. Либерија е една од неколкуте африкански држави во кои вирусот се прошири во последните неколку месеци.
Слично

Поврзани вести